Кралицата Елизабета јава коњ дури и на 92 години
Кралицата Елизабета Втора дури и на возраст од 92 години не пропушта многу важни кралски настани и ги извршува сите должности на еден британски суверен, но и покрај годините таа не се откажува од нејзиното хоби.
Наместо да пие чај на еден од раскошните балкони од својата палата, таа неодамна заедно со својот син, принцот Едвард (54), отиде на јавање околу замокот Виндзор, облечена во темносина наметка и со неизбежна шамија на главата, пишува „Дејли мејл“.
Јавањето коњи е едно од омилените хобија на британската кралица. Во една пригода таа изјави дека додека јава се чувствува како човечко суштество .
Елизабета Втора е голем љубител на животни. Таа досега имала повеќе од 30 велшки корги, а нејзиното последно куче од оваа раса угина минатиот месец.