Силно невреме попладнево ја погоди Подгорица, а дождовите проследени со ветер ги поплавија улиците и го успорија сообраќајот, пренесуваат медиумите во земјата.
Патот Тиват-Будва е затворен поради невремето за сите видови на возила.
Службата за заштита соопшти дека досега не добила повици за помош.
Силното невреме го погоди и приморјето, поради што поплавени се неколку улици, згради и училишта во Херцег нови, Котор и Тиват.