Јужнокореецот Ким Јонг-јанг е избран за нов претседател на Интерпол, јави новинската агенција „АП“.
Ким ќе биде претседател до 2020 година, со што ќе го заврши мандатот на неговиот претходник Менг Хонгвеиј, кој е притворен во Кина.
Фаворит во трката за лидерската позиција во меѓународната организација беше Русинот, Александер Прокопчук, кој е актуелен потпретседател на Интерпол. Критичарите од Кремљ за него рекоа дека е близок пријател на рускиот претседател, Владимир Путин, а против него силно лобираа Белата куќа и нивните европски партнери.