Ако сакате да ослабете, веројатно веќе знаете дека е потребно да вложите многу напор за да го постигнете посакуваниот резултат, но тоа не е единствената работа која влијае на слабеењето.
Истражувањата покажуваат дека најефективни вежби за слабеење се кардио, HIIT вежбите (вежби со висок интензитет), како и тренинзите за сила, но која од овие рутини ќе има најголем ефект кај вас?
„Една од најголемите заблуди кога зборуваме за тежината е тоа дека телесната активност води до значително губење на килограми. Во просек, луѓето кои редовно вежбаат ја задржуваат нивната тежина, но не слабеат“, вели експерт за слабеење .
Доколку неодамна сте почнале да вежбате, имајте предвид дека вашето тело ќе реагира различно на различните активности и тренинг-рутини. Можеби ќе ве изненади фактот дека не постои тренинг кој му одговара на секого. Ако вие забележите добри резултати со HIIT тренингот, не значи дека и некој друг ќе го забележи истото – бидејќи сечие тело и организам не работи исто. Поради тоа најдобро е да го пронајдете идеалниот тренинг за вашето тело и дури потоа да вложите максимален труд да за ја одржувате рутината на вежбање.
„Секогаш им велам на моите пациенти дека кога се работи за тренинг, треба да пристапат како да ја бараат сродната душа. Ако ви се лоши од самата помисла на правење вежби за стомачните мускули, тогаш кросфит не е идеалниот тренинг за вас“, додава докторот.
Таа вели дека кога еднаш ќе го најдете совршениот тренинг за вашето тело, многу брзо ќе почнете да забележувате позитивни резултати. Но, не треба да заборавате дека вежбањето не е единствениот фактор кој влијае на слабеењето. Потребно е да внимавате на исхраната, да добивате доволно квалитетен и долг сон и да бидете активни во текот на денот.