Ладното и тмурно време поттикнува на алкохолизам

Луѓето кои живеат во ладни климатски услови со помалку дневна светлина се повеќе склони кон алкохолизам, покажаа најновите истражувања.

 

Истражувачите од САД дојдоа до заклучок дека има поврзаност меѓу просечната температура, колку време има сончева светлина и количината на испиен алкохол.

Податоците од 193 земји вклучени во истражувањето покажаа дека климата влијае во голема мера врз тоа колку се пие и колку често се јавуваат болести на црниот дроб.

Лекарите во Шкотска сега бараат рестрикција на рекламите за алкохол во зимските месеци.

Еден од авторите на истражувањето,  од Центарот за истражување на болести на црниот дроб, рече дека ова е прво истражување што систематски покажува дека ширум светот и во Америка, во поладните подрачја и областите со помалку сончева светлина луѓето пијат повеќе и почесто има случаи на цироза.

Пиењето алкохол е поврзано и со депресијата што е поизразена во подрачја со помалку сончева светлина.

Доктор ,медицински советник во болница на клиниката за рехабилитација од дрога и алкохол во Шкотска, кој учествуваше во истражувањето, вели дека има докази дека временските услови, температурата и количеството на сонце на кое е изложен човекот имаат силно влијание во количината на испиен алкохол.

„Ова пиење алкохол директно е поврзано со појавата и развој на една од најлошите болести на црниот дроб – цироза“, вели тој.

Треба да знаете
Последни објави