Иако не треба да барате партнер според хороскопскиот знак, не е лошо да знаете на кого ѕвездите баш не му се наклонети, кога се во прашање љубовните врски.
Нормално, и овде постојат исклучоци, но мажите родени во овие четири хороскопски знаци најчесто баш и не се материјал за сериозна врска.
Ако ви е во ред да се гледате со него само кога нему му одговара и сама да ги планирате сите ваши заеднички излегувања и да ги прилагодувате на неговиот распоред, тогаш Овенот е совршен партнер за вас.
Биковите во врската се однесуваат како да ви прават услуга што своето време го трошат на вас, а обожуваат да се жалат на други за своите партнери.
Близнаците очекуваат сите да се трудат околу нив, а трудот го наградуваат со минимални знаци на внимание, кои би требало да бидат сосема вообичаени. Маж роден во овој знак, никогаш прв нема да ви каже дека има емоции за вас, а кога вие тоа ќе го направите, веројатно ќе ви одговори со – благодарам!
Иако Раковите важат за многу чувствителни личности, тие најчесто мислат само на своите чувства. Тие постојано сакаат да слушаат комплименти за себе, а ретко возвраќаат со иста мера.