„Имајќи го предвид значењето на Југохром за целиот регион, значењето за тоа колку семејства егзистираат од неговата работа во целиот регион, како и значењето на комбинатот за целокупната економија во државата, Владата донесе одлука да помогне со ликвидни средства за рестартирање на објектот. Тие средства не се наменети само за една цел, туку за да се затвори финансиската конструкција на сопственикот, да може да го стартува погонот. Филтерот веќе се гради и комбинатот ќе биде стартуван напролет согласно сите разговори“, истакна вицепремиерот.
Анѓушев потенцираше дека за да се рестартира фабриката обврска на сопственикот е да заврши со изградбата на систем за отпрашување, што значително ќе ја заштити животната околина и квалитетот на воздухот во овој регион.
„После подолги разговори со сопственичката струката на Југохром дојдовме до решение тие да мора да изградат филтер со цел да биде заштитена животната околина на граѓаните и од тоа нема отстапување и нема алтернатива. Моја порака до сопственичката структура е дека ќе мора да ги завршат своите обврски, но и до сите вработени дека тие својата егзистенција може да ја гледаат во оваа фабрика. Со овој потег ќе се направи еден голем исчекор во работењето на компанијата“, изјави вицепремиерот.
Според тековните информации, системот за отпрашување на печките 7 и 8, којшто е во фаза на изградба, е во вредност од 4,2 милиони евра. Се очекува во наредните 5-6 месеци да се заврши изградбата и да стартува рестартирањето на овие две печки.
На последната седница, Владата донесена одлука преку Македонската банка за поддршка на развојот, со комерцијален кредит од 1,5 милион евра, да се помогне Југохром да се рестартира.