Општина Кисела Вода и Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов” утре ќе ја промовираат иновативната платформа „Безбедна животна средина во локалната заедница-Take green action”, со почеток во 12 часот, во ДУРДМОВ “Димитар Влахов”.
На настанот свое обраќање ќе имаат градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски, директорот на ДУРДМОВ „Димитар Влахов”, Горанчо Јакимовски и Соња Кушовска Трајковска од Кариерниот центар, Е.К.О. Волонтерски клуб и Опитно Поле – ФЗНХ Скопје. Покрај нив, свое учество ќе земат и заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, заменик-министер за образование и наука Петар Атанасов, градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, градоначалникот на Општина Гази Баба, Борис Георгиевски, претставници од Владата на РМ, преставници од Швајцарската амбасада, деканот на Шумарски факултет- Скопје, деканот на Факултет за ветеринарна медицина- Скопје, претставници на бизнис секторот, како и директорите на сите основни училишта и градинки на територија на општина Кисела Вода.
Воедно, од тука ќе започне и кампањата “Ајде да садиме-здрава,зелена и органска иднина да градиме!”, а настанот ќе се заокружи со засадување на овошен парк во Еколошко едукативната градина на училиштето.