Мицкоски: Не знаев за планот на Груевски, а со Орбан разговарав за конгресот на Европската народна партија

Мицкоски: Не знаев за планот на Груевски, а со Орбан разговарав за конгресот на Европската народна партија

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски не се сретнал со српскиот претседател Вучиќ, но се видел со унгарскиот премиер, Виктор Орбан во Будимпешта пред бегството на Никола Груевски, но разговарале за Конгресот на Европската народна партија, изјави опозиционерот вечерва во интервју за 1ТВ. Според него, бегството на експремиерот и почесен претседател на партијата е скандалозно. Тој категорично ги отфрли шпекулациите дека знаел за планот на Груевски и дека за тоа бил запознат на нивната неодамнешна инкогнито средба.

„Вистинското прашање е како ова се случи. Зошто надлежните институции го дозволиле бегството. Многу доброо знаат јас каде се движам, зошто не би знаеле за Груевски, кој беше осуден на две години затвор. Доколку навистина не знаеле тогаш станува за голем пропуст. Крајно време е да престане реалното шоу што ни го приредува власта. Ги охрабрувам во истрагата да ги пронајдат виновниците и помагачите“, изјави Мицкоски.

 

Треба да знаете
Последни објави