Полицијата застрела вооружено лице, кое пукало во трговскиот центар во Алабама, за време на големите попусти за Блек фрајдеј за Денот на благодарноста. Пред да биде застрелан, напажачот пукал во 18 годишно момче кое е повредено, а настрадало и 12 -годишно девојче.
Инцидентот се случил додека трговскиот центар бил преполн со луѓе. Инцидентот започнал со расправија меѓу 18-годишниот и напаѓачот, соопшти полицијата.
Полицијата не знае како започна расправијата, но според нивните сознанија, 18-годишниот не бил вооружен. Напаѓачот во едне момент пукал, нанесувајќи му повреди на момчето. Кога се обидел да бега, бил застрелан од полицаец, кој во тој момент паролирал низ трговскиот центар.
12-годишно девојче исто така е погодено и повредено, но не е јасно од кого. Двајцата повредени се хоспитализирани.