Застапниците на правата на геј заедницата доживеаја неуспех во референдумот во Тајван, каде што конзервативните групи на граѓани во голем број се изјаснија против истополовите бракови.
Повеќе од 7 милиони луѓе потврдно одговориле на референдумското прашање: „Дали мислите дека бракот дефиниран со закон треба да биде ограничен на заедница меѓу маж и жена?“
На уште две изјаснувања за геј браковите, организирани од граѓански здруженија, излегоа уште три милиона луѓе, но овие референдуми не успеаја бидејќи повеќе од милион и пол гласачи биле против.
Тајванските гласачи денеска излегоа на десет референдуми односно на локални избори на кои е поразена владејачката Демократска прогресивна партија, поради што од претседателската позиција на партијата отстапи Цаи Инг-вен.