Сообраќајната полиција фатила 18 пијани возачи, како и 79 кои возеле побрзо од дозволеното, вчера во Скопје, информираше МВР.
-Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје вчера од 6 до 22 часот спроведе засилена контрола во врска со контрола на брзина на движење на моторни возила. Во овој период санкционирани се 79 возачи кои ја пречекориле брзината во населено место. Преземени се 90 мерки во врска со акциската контрола, издадени се 75 платни налози, четири прекршочни платни налози, писмено опоменати се единаесет возачи, откриени се 46 останати прекршоци, издадени се 19 прекршочни платни налози и 27 мандатни платни налози, велат од МВР.
По завршување на таа контрола, сообраќајната полиција од 23 до 5 часот спровела уште една акциска контрола за откривање на возачи кои управуваат со возило под дејство на алкохол на подрачјето на Скопје.
-Од страна на полициски службеници контролирани се вкупно 180 возачи, a кај 18 од нив утврдено е присуство на алкохол во крвта. По однос на констатираните прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила кон возачи, преземени се вкупно 53 мерки. Исклучени се 18 возачи од сообраќај, привремено се одземени 17 возачки дозволи, издадени се 18 мандатни платни налози, откриени се 55 останати прекршоци за кои се издадени 40 мандатни платни налози и 15 прекршочни платни налози, велат од МВР.