,,Ние сме Македонци свои на своето, нема да дозволиме некој што не е Македонец да менува име. Нека си го менува своето. Нема да дозволиме. Ние сме Македонци и тоа ќе останеме. Нема да дозволиме макар да ги дадеме своите животи, порачаа од ,,Македонија блокира”, кои предводени од Јанко Бачев од Единствена Македонија вечерва протестираат на граничниот премин со Грција.
Тие го поречија патот со возило, а дојдоа придружувани со полициско возило. На границата има шетмина полицајци кои на почетокот не дозволуваа да се блокира границата за влез од Грција во Македонија.
Присутните извикуваат ,,Македонија, Македонија” и порачуваат дека ,,ова е наша земја ќе застанеме секаде каде сакаме”. ,,Не може Оливер ни некој друг да не сопре”, велат присутните граѓани.
,,Или ние ќе застанеме во одбрана или тие ќе го направат она што го наумиле. Јас на Пешевски јасно му кажав дека јас нема да преговарам со предавници. Јасно повикувам на 1 септември во 12 часот пред Собрание да се собереме и да не се тегнеме додека Зоран Заев не замине од власт, порача Страшо Олумчев.
Од ,,Македонија блокира” која е составена од повеќе организации, порачаа дека тука се дојдени за да се слушне нивниот глас од граничниот премин Богородица.
,,Ја продолжуваме нашата битка. Одиме пред домовите кај пратениците. Ова е светска битка, оти сакаат да не избришат”, велат присутните.
Тие упатија повик до полицијата : ,,Не пишувате пријави, не ги малтретирајте граѓаните, бидејќи ова е за вас. Не ја слушајте марионетската власт. Ова е само загревање. Одиме пред Собрание каде ќе останеме до конечна битка”.
,,Овде сме на преминот на двете држави. Доста беше. Овој терор и тиранија не можеме да ја издржиме повеќе. Од овој момент почува семакедонскиот отпор се до тргањето на оваа влада. Сите ќе бараме да поднесат неотповиклива оставка”, порача Ристо Мијаковски.