Апелација ќе одлучува за притворите на Јанакиески и Божиновски
Во Апелацискиот суд Скопје денеска ќе се одржат јавни седници за притворите на поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски.
Јанакиески е обвинет во неколку случаи на Специјалното јавно обвинителство, а Божиновски, како поранешен генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, е обвинет во случајот „Титаник”.
Двајцата се во притвор по бегството на поранешниот премиер Никола Груевски во Унгарија.
Обвинителката на СЈО, Лиле Стефанова изјави дека притвор за Јанакиески и Божиновски е побаран, бидејќи СЈО имало информации дека и тие двајца планирале да побегнат, исто како и Груевски.
Одбраната на Јанакиески и Божиновски на ваквата мерка поднесе жалби до Апелацискиот суд