Македонија во септември годинава вкупно потрошила 445.912 мегават часови електрична енергија, 3,942 милиони нормални кубни метри природен гас, 372.875 тони јаглен и 84.328 тони нафтени продукти.
Според податоците на Државниот завод за статистика, 80,1 отсто од потрошената електрична енергија е од домашно производство, а 93,5 отсто од вкупно потрошениот јаглен е употребен за производство на струја.