Вејд со нов рекорд за „Мајами Хит“

НБА кошаркарот Двејн Вејд е во последната сезона од неговата професионална кариера, но сепак покажува знаци, кои можеа секојдневно да се видат од него во најсилните години.
Најновиот пример е минатата ноќ кога „Мајами“ загуби од „Торонто“ со 115:125, а Вејд постави уште еден рекорд во дресот на „жешките”. Триесет и шестгодишниот ветеран влезе како резерва и за 34 минути нанижа 35 поени-врвно достигнување во клупската историја за играч кој влегол во игра како резерва. Тој додаде и шест асистенции и пет скока.
Ова е далеку од тоа да биде единственото највисоко достигнување кое е во сопственост на Ди Вејд. Трикратниот НБА шампион е број 1 во повеќе од петнаесет статистички категории во историјата на „Хит“.
Вејд играше за тимот од Мајами од 2003 до 2016 година, а потоа премина во „Чикаго“ и „Кливленд“, но оваа година се врати во Флорида, каде ќе ја заврши славната кариера.
Треба да знаете
Последни објави