Сведок на сообраќајна незгода му оставил белешка на возачот и му кажал кој го удрил
Ученик, кој бил сведок на сообраќајна несреќа во Њујорк што ја предизвикал училиштен автобус, му оставил писмо на шофершајбната на сопственикот на оштетениот автомобил, во кое му ја раскажал целата случка.
Кога возачот на автобусот удрил во возилото и побегнал од местото на несреќата, ученикот, кој бил сведок на настанот, во детали му опишал на сопственикот на удреното возило што всушност се случило и кој е одговорен за штетата.
Ендру Сиповиц, претставник на колеџот „Канисиус“ во Бафало, Њујорк, изјави дека тој го проверил својот автомобил во понеделникот кога неговиот цимер му кажал дека школски автобус бил запрен до него. Тој видел дека неговиот црвен „форд мустанг“ бил удрен од едната страна, но исто така нашол и белешка во која му било посочено кој му го оштетил возилото.
Ученикот, кој, најверојатно, живее во близина на местото каде што се случила сообраќајната незгода, се вратил на местото на несреќата за да му остави писмо на возачот, во кое напишал „жал ми е“ и го нацртал автобусот што ја предизвикал незгодата.
Сиповиц објави фотографии од својот удрен автомобил на „Твитер“, како и писмото што му го оставил ученикот. Објавата за само неколку дена имала над 750.000 лајка.
Shoutout to the anonymous 6th grader for saving me a couple thousand (Bus not drawn to scale) pic.twitter.com/7aNK10xSwX
— Andrew Sipowicz (@Andrew_Sipowicz) November 20, 2018