На Баварците оваа сезона не им оди баш најдобро во Бундес лигата – актуелните шампиони моментално се на 5-то место на табелата, а минатиот викенд не успеаа да слават против Фортуна, иако имаа водство од 3:1 во финишот на натпреварот.
Нојер после натпреварот иронично изјави дека доколку играчите ги спровеле замислите на Ковач, тогаш ќе триумфирале со 5:0, а Ковач му возврати и порача дека неговата екипа примила „17 гола од 20 удари“.
Во овој случај, се чини дека тренерот на Баерн е во право, затоа што Нојер моментално по процентот на одбранети удари се наоѓа на самото дно во Бундес лигата.
Нојер има најлоша статистика од сите голмани во Бундес лигата со само 43.8% одбранети удари кон неговиот гол.