Не сакам да создавам насекаде непријатели на Србија. Веќе ги имаме многу и не секогаш по наша вина, а и не можете да играте на шест табли, оцени синоќа српскиот претседател, Александар Вучиќ и укажа дека е недопустливо во 21 век да се создаваат листи на непожелни граѓани, како што направи Црна Гора.
„Знам дека тоа се случило, бидејќи добивме официјален допис од нивното МВР, изјави Вучиќ за „РТС“ и порача дека Србија нема да им забрани влез на интелектуалците од Црна Гора.
Вучиќ додаде дека Србија е многу космополитска, широка и демократска за да се одлучи на таков чекор.