Стотици луѓе се евакуирани поради шумските пожари предизвикани од топлотниот бран во Австралија. Најмалку четири куќи, околу 20 000 ари шума, како и неколку фарми се целосно уништени во пожарот.
Полицијата во одредени области во државата Квинсленд одеше од врата на врата и бараше од населението да се евакуира, но некои жители одбија да го сторат тоа, изјавија официјални лица, објавија АП.
There are more than 80 wildfires burning across the state tonight. These are unprecedented and extreme conditions never before seen in Queensland. You can see the smoke right up the coast in this satellite pic taken from space yesterday and provided by @BOM_Qld. pic.twitter.com/Ixu2okotpM
— Annastacia Palaszczuk (@AnnastaciaMP) November 27, 2018
Стотици пожарникари се на готовс бидејќи се очекува температурите да достигнат и до 40 степени Целзиусови, а најавени се и силни ветрови.
Во државата Квинсленд регистрирани се рекордни температури за месец ноември, а метеоролозите најавија дека топлотниот бран ќе продолжи и во наредните денови.
Пожарот почна во саботата и опфаќа област од околу 66 километри, велат официјалните претставници.