Манчестер Сити оваа вечер ќе му гостува во Франција кај тимот на Лион, а шоуто пред натпреварот го украде Пеп Гвардиола кој со една реакција на прес-конференцијата стана вирален хит на социјалните мрежи.
Пеп традиционално одговори на сите прашања кои му ги поставија новинарите, но сепак еден претставник на француските медиуми имаше малку специфично барање од кое не остана воодушевен Шпанецот.
Новинарот побара од Гвардиола да направи споредба меѓу себе и Жозе Мурињо и нивните два различни фудбалски стила, а Пеп со својата гестикулација јасно стави до знаење дека не му се допаѓа прашањето.
– Јас не сум човекот кој треба да одговори на тоа, – порача Пеп откако со гестикулацијата долови дека сака да го истепа новинарот.