Италијанскиот популистички министер за внатрешни работи, Матео Салвини, изрази поддршка за антимакрон движењето Gilets Jaunes (жолти елеци), пренесува „Брејтбарт“.
Италијанскиот минитер објави клип од италијанскиот радиодифузер РАИ на „Твитер“ во кој беше прикажан член на движењето „Жолти елеци“ како го извикува неговото име од зад еден италијански новинар кој ги следел протестите во Париз во саботата.
Еден од најгласните поддржувачи на „Жолтите елеци“ е Марин Лепен, која е близок сојузник на Салвини и заедно ветијат дека ќе ги здружат своите напори во „фронт за слобода” пред изборите на Европскиот парламент следниот месец. Таа опширно коментираше за протестот во Париз, осудувајќи го насилството на Елисејските полиња, велејќи:
„Се разбира, го осудуваме насилството. Но, често ова насилство потекнува од истите групи: црните блокови, групите ‘Антифа’. Најсериозното насилство доаѓа од овие екстремни левичарски групи”.
Според РТЛ, многу од уапсените се членови на ултралевичарските екстремистички групи кои дошле на протестот само за да направат штета. Коментарите на Салвини доаѓаат откако претседателот Емануел Макрон ги посочи него и унгарскиот премиер, Виктор Орбан, како негови главни идеолошки противници во Европската Унија.
„Нема да им дадам ништо на националистите и на оние кои го бранат говорот на омраза”, рече Макрон во август, додавајќи: „Ако сакаат да ме видат како главен противник, во право се”.