Приштина му одговори на Вашингтон на барањето да ја повлече одлуката за зголемување на тарифите за 100 отсто на увозот на стока од Србија и Босна и Херцеговина.
Советникот на косовскиот премиер Рамуш Харадинај и претставник на приштинските институции во дијалогот со Белград, Авни Арифи, на повикот на САД да ги укинат таксите рекол дека косовската власт попрво би паднала, отколку да ја повлече одлуката.
Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, на состанокот со косовскиот претседател Хашим Тачи рекол дека Приштина треба да ја укине одлуката.
„Не, нема да ја повлечеме. Владата попрво ќе падне отколку да ја повлече одлуката за зголемување на царината на 100 отсто“, рекол Арифи.