Судот во Дортмунд денеска го осуди на 14 години затвор Германецот Сергеј Венерголд (29), кој беше прогласен за виновен за обид за убиство поради нападот врз автобусот на фудблскиот клуб „Борусија“ во април 2017 година.
Според Судот, Вернерголд извршил кривично дело со идеја да наштети на „Борусија“ така што со бомбашкиот напад со ипровизирана експлозивна направа сакал да изгубат вредност акциите на клубот, за да тој се збогати.
Според обвинението, ако му успеал планот Венерголд би можел да заработи околу 500.000 евра.