Поранешната албанска министерка за евороитеграции Kлајда Ѓоша смета дека изјавата на премиерот Еди Рама за обединување на Албанија и Косово е „повеќе од алармантна”.
Таа смета дека Албанија и Косово се две држави кои заслужено треба да одат една до друга кон ЕУ.
– Изјавите на премиерот Еди Рама за обединување со Косово се голем аларм за две независни држави, за кои единствената перспектива во иднина е европската. Албанија и Косово се две земји кои заслужено треба да одат заедно една до друга кон ЕУ, соработувајќи, пред се економски, за да се соочат со предизвикот на големата пазарна конкуренција, напиша Ѓоша на својот фејсбук профил.
Според неа ваквите нацоналистички и неодговорни изјави секогаш ги нарушуваат кревките односи во регионот.
– Токму ваквите изјави не помагаат за продолжување на конструктивниот дијалог меѓу Косово и Србија и ја ставаат Албанија во тешка позиција со соседите, каде што политиката „нула проблеми со соседите” веќе го изгуби своето значење, смета екс-албанската минисетерка за евротеграции.
Таа посочува дека овие ставови не можат да се прифатат како изговор за неисполнување на условите за почеток на преговори на Албанја со ЕУ.
– Ова се ставови на исплашен државник кој наместо конкретни резултати користи закани кон ЕУ, смета Ѓоша, која беше министер за евонтеграци во владата на Рамаm oд 2013 до 2017 година, како кадар на сега опозициското Социјалиситчко движење за интеграција (ЛСИ).
Претходно, поранешнот албански претседател и премиер Сали Бериша, изјавата на Рама ја оцени како антиалбанска и обид да го покрие својот целосен неуспех на патот на Албанија за интеграција во ЕУ.