Првиот состанок за помирување почна без опозицијата

Почна првиот состанок на координативното тело за помирување и интеграција. Во фокус на средбата се очекува да биде предлог законот за амнестија на дел од обвинетите за 27 април, подготвен од независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

На средбата се присутни потпретседателите на собранието, Горан Мисовски и Весел Мемеди, од независната пратеничка група Владанка Авировиќ, Зекир Рамчиловиќ, Нола Исмајловска Старова, од СДСМ Мухамед Зекири и Соња Мираковска, Мерал Ферати од ДПА, Артан Груби од ДУИ, независниот пратеник Панчо Минов, како и двете копретседателки на телото, Фросина Ременски и Емилија Александрова.

На состанокот не учествуваат претставници од ВМРО-ДПМНЕ како и од Алијансата за Албанците од каде рекоа дека за нив не е јасно кој со кого се помирува и обвинија дека телото се залага за селективна правда.

Треба да знаете
Последни објави