Грејс Менг: Ако Франција не ме заштитеше, ќе бев убиена

Грејс Менг, сопругата на поранешниот претседател на Интерпол, Менг Хонгвеј, кој е во затвор во Кина, вели дека добила статус на бегалец во Франција.

Таа додаде дека одлуката на Франција го означува почетокот на „вториот живот” за неа и нејзините два сина.

„Ако Франција не ме заштитеше, ќе бев убиена пред неколку години”, изјави таа за АП.

Правниот тим на сопругата на поранешниот претседател на Интерпол, минатата година поднесе барање за азил до властите во Франција, земјата каде што се наоѓа седиштето на Интерпол.

Последниот контакт на Грејс Менг со нејзиниот сопруг беше сликичката на нож, т.н. имоџи бодеж, која тој ѝ ја прати од Кина, непосредно пред да исчезне на патот кон Пекинг во септември минатата година.

Кина подоцна објави дека поранешниот заменик-министер за јавна безбедност е исфрлен од владејачката Комунистичка партија и дека е обвинет за примање мито.

Треба да знаете
Последни објави