Полицијата спроведе акциска контрола во Тетово и Гостивар за санкционирање возачи кои непрописно престигнуваат.
„Во акцијата во Тетово контролирани се 40 возила, од кои 20 непрописно престигнувале, а за што биле изготвени 18 мандатни и два прекршочни платни налози. Со контролата во Гостивар биле опфатени 22 возила. 14 од нив непрописно престигнувале“, соопшти МВР.
На прекршителите изготвени им се прекршочни платни налози.