Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, на денешната сесија на пратенички прашања во Собранието на Република Македонија одговори на поголем број прашања од интерес на членовите на парламентот со посебна нагласка на дел од активните мерки за вработување, како и за обемот на странските инвестиции во 2018 година.
На прашањето за ефектите од мерката „Младинска гаранција“, премиерот Заев нагласи дека повеќе од 1.000 млади луѓе се веќе вработени, повеќе од стотина луѓе ја користат можноста за продолжување на образованието, а огромен дел од нив ги користат активните мерки за тренинг, односно за нивно практично приспособување за работа.
„Она што го прави Агенцијата за вработување со сите капацитети е да го зајакне интересот на младите луѓе за да се вклучат во нивната подготовка за работа, во практично подготвување и приспособување за трајно наоѓање работа. Ние ќе продолжиме да бидеме упорни, да ги поддржиме и со други мерки, но со младинската гаранција, сакаме да допреме до колку што е можно повеќе млади луѓе. Ја завршуваме 2018 година и одиме понатаму со мотивација, одиме и со флаери по универзитетите, посебно меѓу младите од апсолвентските години, за да можеме да им ја предочиме можноста која што им стои на располагање“, одговори премиерот Заев на пратеничкото прашање.
Тој додаде дека дел од овие мерки од младинската гаранција се спроведуваат со помош на германски компании за тренинг и за подготовка на младите после завршување на средното образование за полесно да најдат работа.
„Јас сум многу среќен што посебно компаниите од информатичката технологија се одличен пример за ваквиот начин на подготовка на млади инженери, најмногу информатичари, но еве се ангажираат и машински и електроинженери. Токму во оваа област која што отвара достоинствени работни места, со плати повисоки од 1.000 евра, кои што овозможуваат просечна плата на информатичари од 65.000 денари и ќе продолжиме токму во овој правец“, истакна премиерот Заев во Собранието на РМ.
Претседателот на Владата на РМ Заев, понуди исцрпни одговори и на прашањето за обемот на странските директни инвестиции и потенцираше дека очекувањата се дека со извесниот позитивен епилог на политичкиот процес на членство во НАТО на почетокот на идната година, трендот на раст на странските инвестиции ќе продолжи.
„Во однос на странските инвестиции, 327 милиони евра странски инвестиции во првото полугодие е дупло повеќе од лани, или тинвестиции има во Република Македонија. Се надевам дека во блиска иднина ќе има странски инвестиции и од вакви големи компании како што се Фејсбук и Гугл. Наше е да се обидуваме да привлекуваме вакви инвестиции. Секако, ниту претходната, ниту оваа Влада не можат да кажат дека 100 отсто ќе успее секој преговор за инвестиција, но ќе направиме сè во преговорите за странски инвестиции. Досега остварената средба со Гугл Џигсоу за нас беше мотивација од покажаниот интерес за инвестиции и таа информација ја споделивме со јавноста. И овие, но и од другите компании ги очекуваме конечните одлуки. Се работи за 100-тици компании со кои што се разговара. Исходот од нив зависи од извесноста на членството на Република Македонија во НАТО и во ЕУ заради тоа што тие значат мир и стабилност, како важен основ за донесување на одлуки за инвестирање. Тоа е само една од причините за тоа како политичките одлуки влијаат на странските инвестиции. Тие политички процеси влијаат и на одлуките и на домашните инвеститори. Од тој аспект и можноста за уште поголеми успеси на пакетот мерки што ги имаме, како што е и младинската гаранција како активна мерка за вработување ќе дава уште посериозни успеси и резултати, како што дава во Европа, а ќе дава резултати и во Македонија“, потенцираше премиерот Заев на прашањата за странските инвестиции и за мерките за вработување на седницата на Собранието на РМ посветена на пратенички прашања.рипати повеќе од просекот од последните три години. Странски