Во интерес на објективното и прецизно информирање и разбирајќи ја заинтересираноста на нашите сограѓани, Цементарница УСЈЕ од денеска (петок, 30.11.2018) почнува со редовно доставување до медиумите на неделен преглед на средно-дневните емисии од главните емисиони точки во компанијата. Ве известуваме дека овој преглед ќе го испраќаме секој петок, односно секој последен работен ден во седмицата, во текот на зимскиот период.
Воедно, на медиумите им благодариме за отворениот пристап. Дополнително, Цементарница УСЈЕ овие прегледи редовно ќе им ги доставува на сите невладини организации и граѓански групи кои ќе искажат интерес за тоа.
Овие податоци се дел од независниот автоматски систем за мониторинг на емисиите во воздухот, со кој стационарните извори на емисии во фабриката се следат 24 часа дневно, 365 дена во годината. Податоците се мониоторирани од надлежните државни органи, до кои редовно се доставуваат. Покрај тоа, Цементарница УСЈЕ овие податоци во месечни прегледи редовно ги објавува на сопствената интернет страница www.usje.com.mk .