Протест на „Македонија блокира“, посебен сообраќен режим во Центар

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста, дека денеска од 12 часот е закажан јавен собир во Скопје и поради тоа ќе бидат превземени мерки за посебен режим на сообраќајот, односно истиот ќе биде пренасочен на улицата „11-ти Октомври“ и улицата “Димитрие Чуповски“, потоа на потегот од крстосницата помеѓу улицата „Димитрие Чуповски“ и улицата „Даме Груев“ до крстосница помеѓу улицата „11-ти Октомври“ и улицата „ Филип Втори Македонски“.

МВР апелира  до граѓаните  да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

 

 

Треба да знаете
Последни објави