Вајлдер и Фјури ќе распределат 24 милиони долари по вечерашната борба

Само еден меѓу Дионтеј Вајлдер и Тајсон Фјури ќе си замине денеска од „Стејплс Центар” како шампион на верзијата ВБЦ, но нема спор дека и двајцата ќе го напуштат рингот со доста поголема сметка во банката.

Средбата ќе утврди кој ќе биде шампионот на Светскиот боксерски сојуз, како и кој ќе се соочи со Ентони Џошуа во обид да се обединат титулите во тешка категорија. Пред тоа, сепак, ние ќе погледнеме еден дуел, кој фановите на боксот со нетрпение го очекуваат долго време.

Веќе е јасно и колку пари ќе освојат двајцата. Без оглед на тоа како ќе заврши мечот, Американецот ќе додаде 14 милиони долари на неговата банкарска сметка. Интересно, тој досега има заработено околу 16 милиони од неговите борби. За „кралот на циганите” пак се обезбедени 10 милиони долари.

Треба да знаете
Последни објави