Словачкиот премиер и Министерството за одбрана се скараа во врска со договорот за купување американски воени авиони Ф-16 што е најголемо воено вложување на таа држава членка на НАТО.
МО објави дека склучиле договор за купување 14 борбени авиони Ф-16, оружје и програма за обука во вкупна вредност од 1,58 милијарди евра. Неколку часа подоцна, премиерот Петер Пелегрини изјави дека договорите не ги одобриле во Министерството за финансии. Аналитичари укажуваат дека несогласувањето е поврзано со интерна борба во коалицијата во која се наоѓа и трет партнер, унгарската партија Мост-Хид.