Косовскиот премиер, Рамуш Харадинај, оценува дека воведувањето на царини од 100 проценти не е насочено против ниту еден граѓанин, или пак заедница и ниту во еден случај не се однесуваат против опстанокот на српската заедница.
Харадинај на „Фејсбук“ напиша дека тој е свесен за кампањата против суверените одлуки на Косово за увоз на стока од Србија и Босна и Херцеговина и дека е решен да ги заштити правата на сите граѓани.
„Сакам да истакнам дека царината од 100 проценти не е насочена против било кој граѓанин на било која заедница и во ниту еден случај не е насочена против опстанокот на српската заедница. Благодарен сум му на царината на Косово за јавната потврда дека сите донации на стоки кои влегуваат во Косово, како и сите стоки за физички лица кои влегуваат во согласност со законот, не се забранети од царината и тие се ослободени од плаќање на даноци во согласност со царинските и другите закони на Косово”, пишува Харадинај на „Фејсбук“.
Тој истакна дека комерцијалните стоки влегуваат во Косово нормално на сите гранични премини според законот и одлуките кои се во сила.
На изјавата на косовската царина, на која Харадинај се повика, се истакнува дека сите донации на производи што влегуваат во Косово, како и сите стоки од страна на физички лица и патници донесени во Косово, во согласност со закон, не се забранети од страна на царинската контрола и сите се ослободени во согласност со законите на Косово.