Притвор за четворица учесници во престрелката во Тетово

Четири лица добиле по 30 дена притвор бидејќи се осомничени дека учествувале во  престрелката во петокот на булеварот Маршал Тито во Тетово, информираа од СВР Тетово.

Станува збор за Д.М.(43) од Лавце, Б.Д.(43) од Тетово, Ѓ.Р.(28) од Шипковица и А.М.(37) од Тетово, кои  вчера биле изведени пред судија во претходна постпка во Основниот суд во Тетово. Претходно полицијата против нив поднела кривични пријави за две дела предизвикување општа опаснот и недозволено иразботување, држење и тргување со оружје и распрскувачки материи.

По определената мерка тие во текот на изминатата ноќ биле пренесени во КПУ„Скопје“ на издржување на притворот.

Од полицијата информираа дека досега вкупно лишиле од слобода седум лица осомничени дека учествувале во вооружената пресметка пред два дена, додека трагаат и за други за кои имаат сознанија дека биле учесници во истиот вооружен инциден.

Во петокот нешто по 21 часот најпрвин започнала расправија помеѓу Д.М.(43) од Лавце  и Б.Д.(43) од Тетово од една страна со Н.М.(34) Тетово од друга страна во едно тетовско казино по што тие излегле на булеварот Маршал Тито  каде започнале и престрелка со огнено оружје, пиштоли и калашникови. Од куршумите за среќа немаше повредени но биле оштетени три угостителски и продажни објекти, една балконска врата од стан и едно возило. На самото место при увидот биле пронајдени повеќе чаури за пиштол и калашников калибар 9 и 7,62 милиметри, две возила и други траги што биле подигнати за вештачење.

Треба да знаете
Последни објави