Власта и опозицијата бараат одговорност и меѓусебно се обвинуваат за откриените системи за прислушување вградени во телефонските централи во обвинителството и во Основниот суд Скопје 1. Премиерот Зоран Заев и министерката за правда Рената Тренеска Десковска најавија дека и тие ќе ги проверуваат ваквите системи за интерна комуникација, но вчера беа објавени информации и за друго министерство кое неодамна нарачало телефонски систем со можност за прислушкување и снимање на разговорите на вработените.
-Одговорност мора да има, а истрагата ќе покаже кој дал наредба во телефонските централи да се вгради систем за прислушкување, изјави на прес-конференција премиерот Заев.
Премиерот Заев, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека не знае во која државна институција е набавена слична или иста телефонска централа, но нагласи дека раководното лице во институцијата одлучува што ќе се употребува од вградената телефонска централа.
– Раководното лице во самата институција, одлучува што од тоа ќе се употребува. Начинот на донесувањето на одлуката дека тоа се употребува односно се става на снимање е кривично дело, и вториот дел начинот на користење на тоа е уште поголема злоупотреба. Истрагата треба да покаже навистина каде соодветното раководно лице дало наредба да се употреби односно да се вгради и вториот дел каде е тоа употребувано, рече премиерот.
Според неговите информации, системот во Основниот суд Скопје 1 се уште не е ставен во функција, но системот е вграден.
-Кој тоа дозволил таков систем да се вгради? Во ЈО треба да си каже државниот јавен обвинител затоа што самите институции кога ги сменија своите раководни структури ја отворија веднаш истрагата. Така ќе биде и за секоја јавна институција. Се работи за локалите внатре, внатрешната комуникација помеѓу себе… Очекуваме одговорност, рече Заев на заедничката прес-конференциоја со министерката за правда Рената Тренеска Десковска.
Министерката Тренеска Десковска, пак, рече дека и во Министерството за правда пред одреден период е набавена телефонска централа и оти по овие информации кои излегоа за судовите ќе се обрати до Министерството за внатрешни работи за да се види каква централа е набавена и за Министерството за правда.
Телефонската централа во Основниот суд Скопје, потврди министерката за правда, е набавена преку Министерството во 2015-2016 година за време на министерувањето на Валдет Џафери. Тренеска Десковска кажа дека целокупната документација ќе биде доставена до надлежните институции и оти кога ќе заврши истрагата ќе се утврдува одговорноста.
Владејачката партија СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и вчера ги вкрстија „зборовите” на оваа тема со меѓубени обвинувања и барања одговорност од оние што наредиле употреба на ваква опрема.
СДСМ побара лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и раководството на партијата да одговорат за нивната улога и дејствијата во нелегалното прислушување, особено за информациите кога оваа опрема била инсталирана.
– Антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ треба да знае дека ќе има одговорност за сите вмешани во овој скандал. Истрагата започната од надлежните институции ќе открие кој ја купил, поставил и користел опремата за прислушување, поставена уште во 2013 година, се наведува во соопштението од владејачката партија.
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски, пак, на прес-конференција кажа дека иако поминале три дена од скандалот за нелегално прислушување во Јавното обвинителство, а сеуште од Оливер Спасовски и МВР нема никаков концизен и директен одговор. Побара оставки и одговорност.
-Кадрите на СДСМ сеуште ги прислушкуваат граѓаните и институциите. Јавните обвинители, судиите, нивните соработници и институциите се под директен надзор и нелегално прислушувани од страна на Оливер Спасовски и Зоран Заев. За ова оставки, но и одговорност мора да има и тоа уште веднаш, рече Арсовски.
Побара одговор на прашањата кој прислушувал нелегално во Јавното обвинителство, дали во разговорите има разговори и од обвинители од СЈО во кои се договарале одредени предмети и нивно преземање, кој ќе сноси одговорност за прислушувањето во ЈО на јавните обвинители и останатите нивни соработници, дали со овие нелегални разговори од изминативе две години биле уценувани јавни обвинители да носат одлуки по нечија желба на луѓето од власта, дали со овие нелегални разговори бил вршен прогон на невини граѓани