Тренерот на Јувентус, Масимилиано Алегри истакна дека португалската супер ѕвезда ќе биде прв изведувач на пеналите во клубот.
Роналдо токму од белата точка го постигна третиот и последен гол за Јувентус во вчерашната победа од 3:0 против тимот на Фиорентина.
Запрашан, дали во главата има и друг изведувач освен Португалецот, Макс Алегри шеговито одговори:
-Роналдо ги изведува пеналите. Откако нас ни даде гол во 93. минута, така што топката одеше со неверојатни 139 км/ч, дали треба тоа да му го препуштам на некој друг. Тој мора да стори нешто за да му го простиме тој пенал. Мора да продолжи така да изведува пенали и да постигнува голови. Секогаш- коментираше Алегри.