Германската канцеларка Ангела Меркел ги освои симпатиите на Аргентинците со своето спонтано однесување на самитот на Г20.
Таа пристигна со комерцијален лет без никаква помпа и овации, разговарајќи со други патници и дозволувајќи да ја фотографираат, а потоа поентираше на вечерата во ресторанот „Дон Хулио“, познат по автентичната традиционална кујна.
Меркел не ги вознемируваше другите гости со протокол и големо обезбедување, туку ручаше меѓу нив како и целиот нормален свет – освен што, се разбира, светкаа блицовите на нивните мобилни телефони.
Потоа стана и отиде во кујната, застана меѓу одушевените готвачи и дозволи да ја фотографираат и снимаат.
Таа излезе испратена со овации и аплаузи не само од гостите на ресторанот, туку и од луѓето кои се собраа пред ресторанот за да ја видат во живо.