Личната помошничка на Меган Маркл дала отказ поради притисок на работа
Мелиса Тубати, лична помошничка на војвотката од Сасекс, Меган Маркл, дала отказ поради огромен притисок и сѐ тоа завршило прилично бурно – таа си заминала расплакана од кај благородничката.
Изворот за списанието „Мирор” изјави дека „нејзината работа била таква што таа била под голем стрес и не можела тоа да го издржи”.
– Работела многу, Меган барала многу и таа „излетала од кралскиот дом во солзи… Таа (Мелиса) е исклучително талентирана и имаше клучна улога во успехот на кралската свадба. Им недостасува на сите во палатата Кенсингтон, сведочи неименуваниот извор.
Причините се тие, а самиот повод засега не се открива.
Се шпекулира дека пред свадбата, Маркл се скарала и ја расплакала и нејзината јатрва, сопругата на принцот Вилијам и војвотка од Кембриџ Кејт Мидлтон.
Мелиса Тубати претходно му била помошничка и на пејачот Роби Вилијамс.