Модриќ стана првиот Хрват кој што ја освоил Златната топка и играчот кој после 10 години конечно ја прекина низата на Лионел Меси и Кристијано Роналдо.
На вчерашната церемонија во Париз, Лука Модриќ беше прогласен за најдобар фудбалер на светот, а интересно беше тоа што ниту Лионел Меси, ниту Кристијано Роналдо не присуствуваа на свеченоста.
Сепак, меѓу првите кои што му честитаа на Лука Модриќ беше неговиот клубски колега, Серхио Рамос.
„Златна топка! Златната топка на Лука! Ти честитам пријателе, мој хрватски брате. Заслужено“, порача Серхио Рамос на социјалните мрежи.