Веќе извесно време се шпекулира дека актерката Деми Мур (56) „го променила тимот”. Како што пишуваат американските медиуми, Деми е заситена од мажи и сега оди само со жени. Таа опуштено се шеташе во Лос Анџелес во друштво на новата девојка, белградската стилистка Маша Манџук (43) и нејзината ќерка Руми (2).
Додека Деми играше со девојчето, Маша ги гледаше со насмевка. Актерката и стилистката, наводно, се во врска веќе две години, но ниту една од нив не ја потврдила врската.
Девојките веќе неколку пати беа „фатени“ заедно на разни собири и настани.
„Кога се сами, тие се многу блиски и интимни”, изјави нивниот пријател за американските медиуми, кој тврди дека Деми и Маша заедно ја одгледуваат Руми.
Ако Деми е навистина во врска со Маша, ова е нејзината прва јавна врска откако се разведе од Ештон Качер (40). Таа беше во брак со него осум години, а се разведоа во 2013 година.
Деми исто така беше во брак и со Брус Вилис (63) со кого има три деца, како и со Фреди Мур (68).



