Манчестер сити, наводно, се соочени со тешка ситуација очекувајќи ја евентуалната казна од УЕФА, поради кршењето на правилата пропишани со финансискиот фер-плеј и малверзациите што клубот ги правел со парите од спонзорите.
Британските медиуми, повикувајќи се на германски весник објавија дека УЕФА покренале истрага против Манчестер сити, која треба да покаже дали клубот „сокрил“ милиони евра што ги добил од своите спонзори.
Весникот како и во претходните случаи, се повикува на документите што ги објави „Фудбал Ликс“ и наведува дека Манчестер сити би можеле да бидат исклучени од Лигата на шампионите.
Според документите што се објавија, Манчестер сити од „Етихад“ во 2015 година требало да добие 60 милиони фунти, меѓутоа од авио-компанијата улатиле само осум милиони фунти, додека останатите пари влегле директно до „Абу Даби јунајтед групата“.
Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин дека Сити „многу бргу ќе дознаат“ дали и со каква казна се соочуваат. Тој потврдил дека истрагата е речиси завршена.
„Вршиме проценка на ситуацијата. Имаме независна комисија што го работи тоа. Бргу ќе ги добиеме одговорите во конкретниот случај“, рекол Чеферин.