Од Џевахир скај сити се огласија со соопштение во врска со написите во медиумите за Кабинетот на поранешниот претседател на државата, Ѓорѓе Иванов.
-Помеѓу компанијата Турмак АД – Подружница Скопје и Службата за општи и заеднички работи на Република Северна Македонија е склучен договор за закуп и користење на опремен службен простор за потребите на Кабинетот на поранешниот претседател на државата, Ѓорѓе Иванов. Договорот е склучен во времетраење од една година и е во сопственост на компанијата Турмак.Според договорот, месечниот закуп за 274 м2 деловен простор изнесува 1950 евра“.