Проект на УСАИД: Меѓуетничка интеграција на младите во образованието

Денес, во рамките на проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието, беше остварена посета од висока делегација на УСАИД, предводена од  г-динот Дејвид Браун, Деск-офицер за Македонија,УСАИД Вашингтон.

Станува збор за петгодишна иницијатива, имплементирана од Македонскиот центар за граѓанско образование, во соработка со Министерството за образование и наука, клучни образовни институции и сите општини и училишта во Македонија.

Во рамки на денешната посета, се оствари и заедничка средба меѓу високиот претставник од УСАИД  и Градоначалникот на Општина Бутел, Велимир Смилевски на која учествуваа и преставници од општината, директорот на ОУ „Живко Брајковски“ ,ученици, родители и членови на тимот за училишна интеграција (СИТ), членови на тимот на самиот проект.

Предмет на дискусијата  беше самата важност на процесот на меѓуетничка интеграција во образовниот систем,влијанието на училишните активности преку кои се овоможува интеракција, кохезија и соработка меѓу младите луѓе од различни етнички заедници.

При посетата на ОУ „Живко Брајковски“,како носител на овој проект беа презентирани резултатите од младинските иницијативи (пешачки премин)  како и презентација на резултатите од заедничките ученички активности (3Д Сончев систем,корпи за рециклирање и рачни изработки).

Градоначалникот Велимир Смилевски, истакна дека Општина Бутел останува и понатаму активен учесник во проекти од ваков тип, преку кои ќе се промовира меѓуетничката интеграција на ниво на училиштата и заедницата, додека нашата општина да послужи како пример за останатите меѓуетнички општини да се вклучат во активности од ваков карактер.

Треба да знаете
Последни објави