На дневниот ред на вториот ден од состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО, денеска Алијансата ќе одржи брифинг за Западниот Балкан.
На министрите ќе и се придружи високата претставничка за надворешни работи на ЕУ, Федерика Могерини. Тема на разговорите, меѓу другото, ќе биде напредокот на Македонија кон членството во НАТО, како и приближувањето на Босна и Херцеговина кон Алијансата.
Генералниот секретар Јенс Столтенберг, најави дека се очекува министрите да потврдат дека се подготвени да го започнат процесот со Сараево преку прифаќање на првата годишна национална програма.
Македонскиот министер за надворешни работи, Никол Димитров, на маргините на состанокот вчера оствари неколку билатерални средби, меѓу кои со неговите колеги колеги од Грција и Унгарија, како и со францускиот министер за надворешни работи. Димитров денеска треба да има билатерална средба со литванскиот министер, и да учествува на состанокот на Севернатлантскиот совет со земјите партнери во мисијата „Решителна поддршка” во Авганистан.
Димитров и министерката за одбрана Радмила Шекеринска, денеска треба да имаатр средба и со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан.