„Вечерње новости“: ЦИА им испраќа оружје на Албанците за дa го преземат северот на Косово

Брод со контејнери полни најново вооружување за потребите на опремување на таканаречената косовска војска, моментално е на пат преку Атлантикот до пристаништето Драч во Албанија, од каде опасниот товар ќе биде однесен до базата на косовските безбедносни сили, пишува „Вечерење новости“, повикувајќи се на податоци до кои дошле српските безбедносни служби.

Весникот дополнува дека овој конспиративен аранжман е во склоп на мрачното сценарио на Приштина за преземање контрола над северниот дел на покраината. Освен тоа, косовската тајна служба во Јужан Митровица поделила автоматски пушки на некои од поранешните и актуелните соработници, како и на другите лица од државните институции кои се обучени да ги користат. Зад оваа опасна игра, како што додава весникот, стои Америка, која се совпаѓа со плановите на приштинските власти кои имаат намера на 14 декември, со кршење на договорот, да формираат војска на Косово.

Според наводите, идејата за воведување на дополнителни даноци за стоката од централна Србија, дошла токму од Вашингтон.

Треба да знаете
Последни објави