Најдобриот кошаркар на „Оклахома Сити“, Расел Вестбрук ноќеска забележа 21 поен, 17 асистенции и 15 скока во победата 112:114 над „Бруклин“ што е негов 108-ми „трипл-дабл” во кариерата.
На тој начин триесетгодишниот Американец се искачи на третото место на вечната листа поминувајќи го Џејсон Кид. Лидерот на листата е Оскар Робертсон со 181 „трипл-дабл” остварувања, а на второто место е Меџик Џонсон со 138.