СВР Тетово вчера регистрирал над 60 сообраќајни прекршоци од кои во Тетово- 30 и во Гостивар-31. Од нив 19 прекршоци се однесуваат на непрописно паркирање, 12 се за пречекорувања на максимално дозволената брзина, пет возачи почетници не се придржувале на законските ограничувања, двајца управувале без возачка дозвола итн. За сторените прекршоци возачите се санкционирани со 16 прекршочни и 45 мандатни платни налози.
Полицијата, исто така, исклучила од сообраќај и 240 возачи- 130 без положен возачки испит, 78 почетници, 28 кои управувале под дејство на алкохол и други. Откриените прекршоци заокружени се со 581 прекршочен и 1.178 мандатни платни налози, со 87 времено одземени возачки и 52 сообраќајни дозволи, додека 418 возачи впишале негативни бодови.