Македонската судиска двојка Ѓорѓи Начевски и Славе Николов и оваа година се наоѓаат на списокот на кандидати за најдобри светски судии, во изборот што го прави ракометниот портал Planet-Handball.
Во конкуренција се, слободно можеме да се согласиме со изборот на колегата од Србија, најдобрите пет судиски парови во светот. Начевски и Николов победија во 2016, во 2017 победија Данците Мартин Гјединг и Мадс Хансен.
Годинава, повторно македонските судии би требало да го добијат приматот, со оглед на тоа дека навистина и се најдобри во оваа конкуренција. Барем од наш агол.
Поддршка во изборот можете да им дадете со гласање на следниов линк
ИЗБОР НА НАЈДОБРИ СУДИИ – ЛИНК ЗА ГЛАСАЊЕ