Најмалку четири лица загинаа во поплавите што го зафатија Кипар по обилните дождови.
Лицата настрадале откако автомобилот со кој патувале бил однесен од надојдена вода од поројните дождови.
Кипарските медиуми јавуваат за речеиси непрекинат дожд, кој врне од вторникот утрото, додека некои тврдат дека тоа се најобилните дождови кои ги паметат.
Краткотрајни поплави по изолирани врнежи не се невообичаени на островот, но вакви долги поплави се ретки. Лошите временски услови продолжија и денеска.
– Во рок од неколку минути времето се смени од прекрасен сончев ден до екстремно студено со грмотевици, кои се слушаа од далечина. Луѓето поставија вреќи со песок за да спречат водата да се пробива низ прозорските окна и да помине под вратите, изјави една локална жителка.
Видеа објавени на социјалните мрежи покажуваат автомобили во морето или под надојдени води и продирање на вода во куќите.
Реките се излеаа од коритата, предизвикувајќи штета во главниот град Никозија и доведоа до делумно затворање на автопатот што ги поврзува Никозија со Кирени, пристанишен град на северниот брег.
Бројни училишта се затворени. Штети се направени и на патната мрежа од силниот дожд во јужниот дел на островот.